Антониот Џовинаци во болидот на Ферари имаше најбрз круг на половина од првиот ден на Хунгароринг. Италијанецот која јја одработе петочната сесија на тркачкиот викенд за Заубер, а ќе тестира за нив утре, постави време од 1,19,648 со софт компонентата, што беше 3 секунди побавно од најбрзото време на тркачкиот викенд поставено од Себастијан Ветел на Т3 сесијата во Сабота,

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Второ најбрзо време на денот имаше Ландо Норис кој возеше Мекларен, но беше 3 десетинки побавен од Џовинаци, но неговото време беше поставено со медиум компонентата. Николас ЛАтифи ги комплетираше топ 3 најбрзите времиња и беше последен кој успеа да мине круг под 1 минута и 20 секунди на софт компонентата.

На почетокот на денот Латифи на својата Форс Индија го имаше монтирано предното крило кое треба да се користи следната година, а со слично кјрило експериментираше и Оливер Роуланд, додека Даниел Рикардо на својот Ред Бул имаше некаков хибрид од преднот крило помеѓу овогодишното и она з а2019 година.

Маркус Ериксон од Заубер и Брендон Хартли од Торо Росо беа следни во поредокот, додека лидерот во Формула 2 поредокот Џорџ Расел кој возеше за Мерцедес постави 6то време на средина од сесијата.

Хартли извозе најмногу, дури 94 кругови, додека Расел само 21.


2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.