Шарл Леклер го постави јанјбрзото време на вториот ден тестирање во Абу Даби за Пирели.

Возачот од Монако имаше круг кој беше речиси 1,5 секунди побрз од кругот на Пјер Гасли кој имаше второ време. Трерти беше Ленс Строл, а за Мерцедес и денешниот ден го одработе Валтери Ботас чие време беше околу две секунди побавно од она на Шарл.

Даниил Квјат се врати во Торо Росо и комплетираше дури 155 кругови, 5 повеќе од Карлос Саинз кој го имаше своето деби во Мекларен. Валтери Ботас на вчерашните кругови додаде уште 143, а Леклер имаше 135 обиколки за својата нова екипа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.