Себастијан Фетел со своето Ферари го имаше најбрзото време на првиот ден тестирање за доставувачот на гуми во Формула 1, италијански Пирели, иако германецот се изврте на почетокот на сесијата и мораше добар дел од истата да ја преседи во гаражата.

Кругот на германецот беше за 4 десетинки побрз од најбрзиот на Валтери Ботас од Мерцедес и над секунда од кругот на Ленс Строл кој со својот нов тим постави трето време. Макс Верстапен беше 4ти, а по него Серхио Перез.

Шон Гелаер беше апсолутен рекордер откако доби цел ден од Торо Росо и комплетираше дури 150 кругови. Ландо Норис беше втор според бројот на круговите возејќи 135 на број, 4 повеќе од Макс Верстапен на Ред Бул.

Строл го делеше болидот со Чеко Перез и ги извозе првите 56 кругови за својот нов тим, Пиетро Фитипалди дебитираше со 54 кругови за Хаас, но имаше проблеми на сесијата, Кубица и Расел имаа 32 односно 42 кругови за Вилијамс. Кими Раиконен се врати во својот поранешен тим со 102 кругови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.