Според изјавата на таткото на Брендон , неговиот син нема да ја прифати улогата на тест возач или возач за во симулатор во Скудерија Ферари.

Торо Росо се откажа од услугите на новозеланѓанецот на крајот од минатата сезона, по што тој остана без место на гридот. Италијанска Corriere dello Sport тврди дека тој е главен кандидат да го замени Даниил Квјат во Скудерија.

тоа се само гласини – изјави Брајан хартли за Newshub.

29-годишникот оваа сезона повторно се враќа во Порше како фабрички возач на компанијата од Штутгарт, но тие го повлекоа својот тим од ВЕЦ серијата. Спроед италијанските медиуми, тест местото би било одлично за возачот за да следи будно евентуална нова прилика за влез во врвот на моторспортот.

би сакал еден ден да ја раскажам приказната за торо росо, не уживав во политиката и ми требаше време да се навикнам на медиумското внимание. формула 1 е многу сложена, премногу пари се “во игра“ и причините околу останувањето или заминувањето на возачите се надвор од само анализа на перформансите.

како и да е, го напуштив падокот со крената глава, знаев дека дадов се од себе во 2018 година, знам дека се подобрив и го направив тоа што се бараше од мене – изјави брендон хартли по крајот на сезоната.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.