Татиана Калдерон ќе добие шанса да вози Формула 1 болид на следната недела откако ќе управува со болидот на денот за снимање кој Алфа Ромео ќе го користи во Вторник во Мексико Сити. Колумбијката која сеонава се трка в о ГП3 серијата работи како тест возач во екипата од Хинвил минатите две години и ова ќе биде прво реално искуство во Формула 1 болид за неа.

Благодарна сум и возбудена од можноста која ми ја дава Алфа Ромео Заубер, Ескудериа Телемекс, Телцел, Инфинитум и Кларо, а тоа е да возам Формула 1 болид за прв пат во мојата тркачка кариера.

Откако почнав да се тркам, мој сон и цел е да возам на највисоко ниво еден ден. Ќе биде неверојатно искуство да се вози на Автодромот Ерманос Родригез од кокпитот на Ц37 болидот. Како Латино Амрикански возач нема поспецијално место за мене да го направам своето деби во Формула 1 болид – изјави возбудената Калдерон.

Согласно правилата, секоја екипа има право на ден за промотивни маркетинг активности на кои километражата е ограничена на 100 километри, а се користат специјални гуми. Тестот ќе се одработи во истиот дек кога тимот ќе одработи и тест за Пирели, но тој тест ќе го работи Антонио Џовинаци, возачот за 2019 година на екипата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.