Танабе: Новиот мотор е големо подобрување

130
   

Шефот на Хонда, Тојохару Танабе, го опиша новиот мотор на компанијата како огромно подобрување откако завршија двете 90-минутни тренинг сесии во Петок. Јапонците донесоа 3та спецификација од моторот во Русија, но ја возеа само во Петок, а потоа се вратија на стартиот мотор откако дојдоа до заклучок дека треба дополнителна оптимизација.

Со новито мотор на Сузука, Хартли беше на 10то место, додека французинот Гасли 3 позиции зад него, но поради проблем на системот за гориво кој предвреме ја прекина неговата програма.

Одлично е да се појавите на патеката на домашна трка. Последната верзија на моторот со внатрешно согорување, која за прв пат ја користевме во Сочи во Петок, денеска ни даде навистина охрабрувачки податоци. Се работи за големо подобрување кое става печат на работата која ја правиме на новито мотор од Русија.

За жал, Пјер загуби доста време на втората сесија проади проблеми со системот за гориво, но добро е што е само Петок и не е критично – објасни Танабе.

Оптимист во врска со новиот мотор откако го возеше истиот е и Пјер Гасли.

На Т1 се беше добро, но не сум најсреќен и најзадоволен од Т2. Не сакам да вадам заклучоци од 15 минути минати на патеката, но моторот е одличен иако и денеска го возевме во безбеден и конзервативен мод со цел да не ризикуваме. НА квалификации ќе го вклучиме посилно и се надевам ќе имаме подбори резултати.


Танабе: Новиот мотор е големо подобрување

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>