Таг Хојер останува партнер на Ред Бул Рејсинг и покрај доаѓањето на Хонда што значи дека производителот на часовници нема повеќе да го брендира моторот на тимот.

Политичките проблеми со Рено значеа дека Ред Бул не се согласува да го користи името на францускиот производител и ги продаде правата на Таг Хојер. Иако Таг нема да го брендираат моторот тие го продолжија партнерството со екипата од Милтон кинс до 2021 година.

Според тимот нивното партнерство ќе еволуира во наредните години, а прв чекор е специјалната едиција Макс Верстапен на часовник кој ќе биде промовиран наредната година.

Во наредните три сезони Таг Хојер ќе ја продлабочи соработката со тимот. Иако нема повеќе да ги брендира моторите, видливоста во светот ќе се зголеми. Името на брендот има историја во Формула 1 уште од златното време на спортот и тие се горди што ќе го продолжат партнерството – изјави Кристијан Хорнер.

Шефот на Таг Хојер, Стефан Бјанки додаде:

Очигледно е дека има неверојатен спој на Таг Хојер и Формула 1 кој ќе продолжи преку ова партнерство.

Таг Хојер е еден од најдолготрајните спонзори во спортот откако беше партнер на Ферари во 1970-тите години и подоцна со Мекларен. Покрај Формула 1 тој е спонзор и во Формула Е, ВТЦЦ и Инди500.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.