Суспензијата виновна за менувачот на Леклер

112
   

Шарл Леклер тврди дека проблемите со суспензијата донеле до проблеми кај менувачот што значи дека ќе го промени истиот и ќе добие казна од 5 позиции на стартот од Австриското Гранд При. 20-годишникот од Монте Карло се квалификуваше на 13то место, а ќе стартува од предпоследниот ред. Шарл за прв пат во Франција дојде до К3 и топ 10 старт.

Причина за проблемите со суспензиајта секако дека се жолтите тротоари кои оштетија којзнае колку спојлери викендов. Истите се дизајнирани да ги спречат возачите да ги напуштат границите на патеката.

Нешто ја скрши суспензијата во внатрешниот дел и како резултат на тоа се оштети и менувачот и престана да работи.

Се надевам на добар старт утре, на добар прв круг. Оптимистички е да се надевам на поени, но сепак тоа ќе остане моја цел – откри Леклер.

И покрај третата ДРС зона, се чини дека претекнувањето на Ред Бул Ринг нема да биде едноставно.


Суспензијата виновна за менувачот на Леклер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>