Официјалните лица на Формула 1 и организаторите на Големата награда на Јапонија се договорија настанот да остане на календарот и следните три години. Спортот за прв пат беше гостин на патеката во сопственост на Хонда во 1987 годинам а одтогаш имаше многу незаборавни моменти. Во 2007 и 2008 година кусо време трката се возеше на конкурентнскиот Фиџи, но од 2009 година трката повторно се врати на Сузука.

Договорот на јапонскиот автодром истекуваше на крајот на оваа сезона, а согласно новиот ќе остане на календарот до крајот на 2021 година.

Почестени сме што со промотерите на Јапонското Гранд При постигнавме нов долгогодишен договор кој ќе ја осигура лојалноста и знаењето на јапонските фанови кои ќе имаат можност да гледаат Формула 1 во годините кои следат – изјави Чејс Кери, првиот човек на Формула 1.

Задоволни сме што ќе прославиме 30 години Формула 1 на Сузука и ќе можеме овој настан да го прославиме заедно со Хонда кои ќе бидат главен партнер. Сакаме да изразиме искрена благодарност до Хонда и Формула 1 што овозможија ова да се случи и нетрпеливи сме за претсојниот тркачки викенд. По објавувањто на договорот, возбудени сме за иднината и се надеваме дека Сузука ќе остане омилено место на фановите низ светот и ќе продолжува да допринесува за просперитетот на моторспортот во Јапонија – изјави Сасуми Јамашита, Претседател на компанијата организатор на трката.

Годинава трката ќе се одржи на 7 Октомври, а потврдено е и дека Хонда ќе биде главен спонзор.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.