Сопругата на шефот на Мерцедес Тото Волф, Сузи Волф, смета дека се помалку талентирани луѓе се пријавуваат за работа во Формула 1 објаснувајќи дека тоа ќе станува се поголем проблем за екипите.

Тимовите се загрижени поради фактот што нема доволно луѓе кои сакаат да работат во Формула 1. Одговорниот за човечки ресурси во Мерцедес е свесен за тоа и прави се што може да ја промени ситуацијата.

Тото воопшто не го интересира полот на неговит евработени, тој само го цени талентот и секогаш ги одбира најдобрите кандидати, без разлика дали се работи за мажи или жени – изјави Сузи во нејзиното интервју за Forbes.

Тимските шефови се загрижени како ограничувањето на буџетите во иднина ќе се одрази во персоналот и платите на истиот. Веројатно е дека бројот на вработени ќе се намали, а можно е истото да се случи и со платите на најталентираните инженри.

Во Велика Британија тоа се потенцијално илјадници работни места – појасни Кристијан Хорнер.

Ограничување на трошењето би било сигнал дека Формула 1 повеќе не е во можност да инвестира во персонал и дека поради помало трошење, ќе мора да се отпуштаат вработени.

Мерцедес има повеќе технички персонал од било која друга Формула 1 екипа, но се мачат да пополнат врвни позиции, а се чини дека овој проблем ќе биде доста поизразен кај малите екипи. Администрацијата во која влезе Форс Индија минатиот месец речиси остави стотици луѓе брз работа, но Конзорциумот предводен од Ленс Строл ги спаси тие места.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.