Гунтер Стаинер нема јасни идникации околу возачкиот тандем за 2019 година, иако Кевин Магнусен изгледа сигурно во својата улога со американската екипа. 

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Данецот е во својата 4та сезона во Формула 1 и има добри перформанси, со неколку резултати со значителни поени кои одат во негова полза. Стаинер смета дека Магнусен го нашол своето место во Хаас, за разлика од екипите на Мекларан и Рено.

За ова мора да му се заблагодариме на Џин Хаас. Џин сака да им остава простор на луѓето за да се покажат, што мислам дека му помога на Кевин – вели Стаинер.

Но од другата страна на гаражата, Роман Гросжан, ветеран со 134 трки, има проблематична сезона, надополнета со големи грешки и лоша среќа, што негативно влијае над изборот на возачи за екипата за 2019 година.

Не сакам да коментирам за иднината. Ќе го разгледаме ова прашање по летната пауза. Имам голема почит за Роман од човечка гледна точка. Кој ќе ризикуваше да ни се приклучи пред 3 години? Тој веруваше во нас и во нашиот проект – додаде Стаинер.

Дали лојалноста на Гросжан ќе биде доволна за тој да го задржи своето место со Хаас не е сигурно, а повеќе возачи се заинтересирани за возачко место во екипата.

Серхио Перез се споменува како можна замена за Гросжан, но исто така и Шарл Леклер, кој би можел да замине во Заубер, уште еден Ферариев клиент, доколку Ферари го продолжи договорот на Кими Раиконен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.