Трката на Роман Гросжан можеше да заврши во првиот круг откако возачот на Хаас имаше контакт со Нико Хулкенберг, кој го лансираше германецот во воздухот.

Возачот на Хаас влезе во бокс под Виртуелното безбедносно возило предизвикано од застанувањето на Кими Раиконен, и падна на опашката од колоната. Сепак, успеа да се врати со многу долга серија на црвените суперсофт и да освои 2 поени со 9то место за екиапта.

по штетата од првиот круг ми се искомплицира трката. јасно е дека имав мала штета на предното крило, но пред се ми е мило што нико е добро – ја започна својата изјава францускиот возач.

Зад него во поредокот заврши неговиот колега Кевин Магнусен, што беше 5ти двоен пласман во поени за американската екипа годинава.

болидот не беше лесен за возење денеска, но среќен сум што јас и кевин завршивме во поени и можам да кажам дека имаме одлична атмосфера во тимот. уживаме заедно и уживаме кога носиме двојни поени во екиапта.

јасно е дека секогаш сакаме повеќе и денеска можевме повеќе, но оштетениот болид од првиот круг ме ограничи и среќен сум што стигнав до поени.

Тимскиот шеф Гунтер исто така е задоволен од крајот на оваа сезона.

да се дојде до крајот со двојни поени е добро иако се работи за 9то и 10то место, но ионака не можевме да стигнеме никој во шампионатот. добар резултат за тимот пред кратката пауза.

можеме да уиваме во 5то мсто во првенството што сметам дека е одлично постигнвуање за така млада екипа, среќни сме и задоволни и се враќаме уште посилни следната година – најави стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.