Сударот со Вандорн ја уништил трката на Гасли

81
   

По трката во Австрија, Пјер Гасли изјави дека по контактот со Стофел Вандорн и неговиот Мекларен на третата кривина, како да возел реликрос. Во борбата за позиција двајцата возачи имаа контакт, Вандорн заврши во бокс уште првиот круг со оштетено предно крило, додека на СТР13 страдал подот и суспензијата по што французинот заврши на 11то место.

Искрено, за мене ова беше една од најтешките трки во кариерата затоа што по контактот на свиокот број 3 со Стофел Вандорн, суспензијата во задниот дел се искриви, а недостасувше и половина од подот во задниот дел. По тој судар, болидот лизгаше по патеката и морав да се борам за да го задржи на асфалтот.

Имав среќа што успеав да ја продолжам трката затоа што барем 20 пати за малку ќе излетав од трката и бев силно сконцентриран да завршам. Дадов се од себе, но искрено како да возев реликрос, а не Формула 1 болид денеска Беше навистина тешко – изјави Гасли по трката.

За сударот, Пјер го обвини Стофел велејќи дека белгиецот лошо ја проценил ситуацијата на третата кривина на Ред Бул Ринг.

Го имав Ленс Строл на едната страна и мислам дека Ленс го имаше Хулкенберг крај себе, така што четири болиди се движеме паралелно, а патеката не е доволно широка за тоа. Знаев дека Стофел веројатно погрешно процени или нешто слично. Знам дека не направи ништо намерно, но тоа многу влијаеше на мојата трка.


Сударот со Вандорн ја уништил трката на Гасли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>