Поради сударите на возачите во текот на 2018 година, тимот на Торо Росо потрошиле 2 милиони фунти нап оправки на болидите.

Јуниорската екипа на Ред Бул ја заврши сезоната на 9то место во својата премиерна сезона партнерство со Хонда освојувајќи 33 поени, а 4то место на Пјер во Бахреин беше најдобро достигнување. Шефот на тимот, Франц , откри дека имале неколку судари кои чинеле многу пари, како оној на Гасли од првиот круг во Барселона или несреќата на Хартли во Канада.

Имавме добри моменти во сезоната, но и некои трки кои не беа многу добри. јасно е дека најдобрите моменти дојдоа кога гасли заврши на 4то место во бахреин што беше силна трка, а потоа и во монако беше 6ти како и во будимпешта, што беа уште две одлични трки. спа беше добра затоа што не очекувавме поени, но завршивме на 9то место, а имавме ритам и бевме конкурентни и во мексико.

потоа, имавме и многу судари поради кои потрошивме околу 2 милиони фунти за поправки. тешкиот судар помеѓу гасли и гросжан во првиот круг во шпанија, а потоа и моментот кога пјер не можеше да не се судри со окон во првиот круг во франција. многу штета имаше и во сударот помеѓу брендон и ленс строл во канада, но и во силверстон кога хартли силно се судри на т3 откако му откажа суспензијата. во монца брендон се допре со стеофел вандорн и маркус ериксон и тоа беше уште еден проблем. таквите ситуации не се воопшто добри – појасни тост.

Францускиот возач на тимот, Пјер Гасли, смета дека позитивните страни биле поголеми од негативните сезонава, но се потсетува на лошите новини кон средина на сезоната по што заостанале значително во борбата во средина од поредокот.

немавме никаква шанса да се бориме со рено оваа сезона затоа што двајцата нивни возачи освојуваа многу поени. подобри беа и форс индија, така што ние не сме далеку од заслуженото затоа што средината беше многу блиску и ситници правеа да добивате или губите доста.

менталитетот и работата која ја вршевме е добра и не смееме да заборавиме дека почнавме со хонда по три претешки сезони за нив и освоивме повеќе поени од нивната последна со мекларен. перформансите ни беа подобри и така треба да се продолжи и догодина – смета гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.