Трикратниот Формула 1 првак, Сер Џеки , смета дека фантастичната кариера на Луис Хамилтон не треба да ги паши младите возачи затоа што во успесите на црномурестиот британец има и доза на среќа.

Луис дебитираше во тркачката серија во 2007 година со Мекларен откако беше поддржан од нив во јуниорските категории, а веќе во својата втора година освои титула. Со трансферот во Мерцедес доминира во турбо хибридната ера.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тројката возачи која од Формула 2 доаѓа во Формула 1 претсојната сезона е новата надеж на Велика Британија во врвот на моторспортот.

луис во моментов не само што вози добро туку го има и најдобриот тим во светот со најдобриот мотор во светот за себе. но и вози ффантастично. има многу други работи поврзани за формула 1 возач кои во многу зависат од болидот.

кога јас ја напуштив матра и минав во марч за 1970 година, е тоа беше предизвик. ако луис мине од мерцедес во неконкурентен тим тоа исто така ќе биде голем предизвик.

луис е фантастичен, но во исто време има и многу среќа да вози за мекалрен, да го избере рон денис и да напредува како низ сите овие години. во времето кога луис возеше за мекларен, тие го имаа најдобриот болид на гридот, беа подобри од ферари – објасни стјуард.

Џорџ Расел ќе дебитира во Вилијамс сезонава како актуелен Формула 2 првак, Ландо Норис кој во јуниорските денови е поддржан од Мекларен ќе го вози нивниот болид, а Александер Албон се враќа во јатото на Ред Бул и ќе го вози Торо Росо.

Конкурент на Расел ќе му биде многу исксниот повратник на гридот, Џорџ Расел, Ландо Норис ќе мора да го победува многу конкурентниот млад Карлос Саинз, додека колега на Албон во Торо Росо ќе му биде повратникот Даниил Квјат. Сер Џеки смета дека прва цел на младите треба да биде победа против нивниот тимски колега.

кога јас дојдов во формула 1 против себе го имав џим кларк и џек брабам и грахам хил и брус мекларен. сите тие беа врвна класа возачи. мислам дека ако учите од такви возачи, а треба само внимателно да ги гледате и слушате и да се обидете да комуницирате со нив. треба исто така да бидете добри во односот кон сите, затоа што односот кон луѓето е многу важен – заврши стјуарт.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.