Живата Формула 1 легенда, Сер Џеки Стујард, верува дека поразот на Себастијан Фетел оваа година е индикација дека возачот не е повеќе на врвот. Фетел не успеа да дојде до титулата во борба со Луис Хамилтон поради многу грешки што ги направи во вториот дел од сезоната.

Мислам дека Себастијан не е веќе на врвот, а Луис сеуште расте. Нема причина за Себастијан да не се врати на врвот иако тоа би било доста тешко бидејќи секоја сезона е различна – смета Џеки.

Трикратниот шампион појасни дека германецот е две години помлад од Хамилтон и титулите ги освоил многу рано во кариерата. Сега фокусот е на неговите грешки кои ги направи.

Тој дојде во Формула 1 на 20 години, а веќе на 26 беше четирикратен шампион. Не е можно да се обвинува некој. Ова е борба за титула и треба да се следи секој потег и ако тој е проблематичен нема да го правите. Чекате на вистински момент.

Ми се допаѓа Себастијан и тој е одличен возач. Многу е емотивен, но технички можеби сеуште е најдобар, но потребна е чиста мисла за титула.

Михаел Шумахер има седум титули кои се цел на Луис Хамилтон, а Џеки Стујард не гледа причина зошто да не ги достигне нив.

Може да го направи тоа од повеќе причини. Има уште многу трки, менаџментот е добар, фабриките одлични, тимовите се поголеми и има многу пари.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.