Строл: Шумахер може директно во Ф1

468
   

Возачот на Вилијамс, младиот канаѓанец Ленс Строл, не гледа причина зошто Мик Шумахер да не влезе во Формула 1 директно од јуниорската Европска Формула 3 серија откако тоа го направи и самиот тој.

Во моментов германецот има водство во генералниот поредок откако ја растури конкуренцијата на последните три тркачки викенди, по што веднаш беше ставен во комбинација за празното место во Торо Росо.

На Формула 1 гридот следната година освен Ленс Строл се наоѓа и друг поранешен Формула 3 првак, британецот Ландо Норис кој ќе дебитира во Мекларен откако по титулата во Формула 3 мина во Формула 2. Строл не гледа причина зошто Шумахер да не го скокне Формула 2 чекорот иако многумина, вклучително и Рос Браун, не советуваат да се направи тоа.

Не мислам дека има исправно и погрешно, некои возачи имаат шанса за Формула 1 и тоа треба веднаш да го искористат. Друти возачи се во поинаква ситуација, зависи за кого се работи.

Јас го возев стартиот болид многу често, но промената со новите правила значеше дека болидот ќе биде целосно нов и во споредба со тој од 2014 година кој го имав на располагање беше 7 секунди побрз.

Мик прави одлична работа особено во вториот дел од сезоната кога изгледа дека му се склопија коцките. Тоа првенство сеуште не е завршено и се надевам дека ќе стане шампион затоа што има голема предност – смета Строл.

Ленс објасни дека огромната разлика во брзината помеѓу Формула 3 и Формула 1 не била главната разлика помеѓу двете тркачки серии.

Моќта е нешто на што брзо се навикнувате, но проблем е оптимизирањето на болидот како и работата со гумите. Дефинитивно Формула 1 е огромен скок, зборуваме за некои 15-20 секунди побрзо по круг во зависност од патеката.


Строл: Шумахер може директно во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>