Младиот возач на Вилијамс, Ленс , има лоша сезона, но сведок е на неверојатниот поход по титула на Луис за кој смета дека никогаш не греши, што му дава клучна предност во однос на неговиот ривал, Себастијан Фетел.

Пред последната трка во сезоната во Абу Даби, младиот канаѓанец даде своја изјава:

не сум во мерцедес и не знам што се случува таму, но луис хамилтон навистина ртко се судира и ретко прави грешки што е клучно за неговата борба за титула сезонава. тој само освојува поени – воодушевен е строл.

Канадскиот возач додаде дека Фетел и Ферари беа најголем непријател сами на себе и нивните грешки им ја уништија шансата за титула.

ако сте на трето место, а се борите за второ, тогаш превземате ризик и најдобро е да се задоволите со поените кои ги имате. сите поени се собираат и како што видовме последните две сезони, победува најконстантниот.

Скудерија почна одлично сезонава и победи на првит едве трки, а беа фантастични и до средина од сезоната, често имајеќи подобар пакет на трка одошто Мерцедес. Но, грешки ги уништија и во вториот дел од првенството “сребрените“ влегоа во серија и повторно дојдоа до двојна титула.

беше убаво да се видат луис и себастијан во два различни болиди на исто ниво. можеби едниот беше малку поконкурентен од друтиог, не знам, но решија деталите.

сепак, хамилтон го победи фетел со подобро возење и поради тоа заслужува најголема почит како возач. во формула 1 сезоната има 21 трка и да се биде во најдобра форма на секоја викенд е многу тешко остварливо. поради тоа мора да го почитувате – објасни 20-годишникот.

И покрај тоа што Строл го користи истиот мотор како и Хамилтон во својот болид, креацијата од Гроув се покажа очајно лоша сезонава и тој успеа да дојде самоа до 6 поени на 20 трки до сега.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.