Строл: Трката требаше да биде прекината

246

Ленс Строл откри дека очекувал трката низ улиците на Баку да биде прекината со развејување на црвено знаме за да може да се спроведе соодветно чистење на остатоците од патеката, по многуте судари и контакти.

Остаток од некој болид се покажа кобен за трката на Ватлтери Ботас чија гума се дупна на три кругови пред крајот на трката додека тој водеше.

Насекаде имаше остатоци од болиди, првиот свиок, третиот свиок, целата патека. Очекував црвено знаме поради тоа, но црвеното знаме не беше развено, а искрено не знам зошто.

Мислам дека така ќе беше најдобро за сите затоа што гумите се ладеа многу брзо зад Безбедносното возило кое беше пребавно и немаше смисла од негово останување.

Со црвено знаме сите ќе добиеја нови гуми, патеката ќе се исчистеше и можеше да продолжиме со тркање. Лани имавме слична ситуација со остатоците на патеката и знамете без размислување беше развено. Но овој пат тоа не беше случај не знам зошто – анализира Ленс.


Строл: Трката требаше да биде прекината

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>