Строл смета дека старото крило му ја уништило шансата

41

Ленс Строл смета дека тоа што тимот монтирал предно крило со постара спецификација на неговиот ФВ41 болид му ја уништило трката. Канаѓанецот мина во К2 на квалификациите, но се изврте во 9от свиок и заврши со носот во оградата. Се работеше за целосно ново предно крило кое тимот го донесе прв пат на трка.

Поради недостаток на резервни делови, Вилијамс мораше да вгради постаро предно крило за неговата трка, што значеше повлекување од парк ферме, прекршување на правилата и старт од боксот.

Немавме резервни делови и поради тоа почнавме од боксот. Имавме старо предно крило кое го немавме возено цел викенд неколку трки и дефинитивно почувствувавме дека губиме перформанси. Болидот некако не соработуваше откако го ставивме тоа крило.

Имав различна стратегија со Сергеј, тој се обиде да биде побрз кон крајот на трката со гумите од квалификациите, но немаше доволно време – објасни Ленс.


Строл смета дека старото крило му ја уништило шансата

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>