Строл смета дека се подобрил во однос на лани

48

Ленс Строл смета дека направил голем чекор напред како возач, додека се подготвува за својот втор настап на домашното Гранд При во Канада.

Строл стана дел од Вилијамс минатата сезона и беше прв Канаѓанец на гридот по Жак Вилнев од 2006 година. Тој имаше сезона со различни перформанси, со неколку изненадувачки резултати, освојувајќи први поени на домашната трка со пласман на девето место.

Оваа сезона можностите не се толку големи за Вилијамс поради проблематичниот болид. Строл сепак успеа да стигне до 9то место во Азербејџан, единствен финиш на тимот во поени годинава, но смета дека тој ја подобрил својата форма во однос на 2017 година.

Стартот е фрустрирачки досега за сите нас. Како тим, не сме таму каде што посакуваме, но од друга гледна точка, исто така сезонава досега е позитивна.

Иако немаме доволно добри резултати, поради нашиот пакет, сметам дека на многу начини направивме чекор напред по зимскиот период. Гледајќи каде бев минатата година. Годината е долга. Формула 1 е маратон, така што одвај чекам на остатокот на сезоната.

Се надевам дека работите ќе се променат и ќе освоиме поени во останатите трки. Научивме што не функционира во Монако. Ги анализиравме нашите слабости и работиме на решение.

Трката тука во Канада е одлична, првите поени во Формула 1 ги освоив тука, така што одвај чекам на годинешната трка. Целиот викенд минатата година беше многу емотивен за мене и навистина одвај чекам годинава. Секогаш е убаво кога сте дома. Ова е дефинитивно посебен викенд за мене – изјави Строл.


Booking.com

Строл смета дека се подобрил во однос на лани

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>