Ленс Строл смета дека присуство на искусен возач во тандемот на Вилијамс нема да ги реши големите проблеми со кои се соочува екипата од Гроув сезонава. Тие ја имаат една од најлошите сезони во историјата и се наоѓаат на последно место кај конструкторите со освоени поени само на две трки.

Поискусниот возач во тимот е 19-годишниот Строл кој ја одработува својата втора сезона, додека негов партнер е дебитантот Сергеј Сироткин. Лани го имаа ветеранот Фелипе Маса во тимот.

Мислам дека одговорив неколку пати одинава дека искусен возач немаше да ги реши проблемите во тимот. Се мачиме со различни области оваа година и од првот ден нашиот болид се однесува лошо, а развјот не оди како што треба.

Ако на пример ги анализираме Мекларен, не сум во позиција да кажам што работат, но ако го погледнеме Алонсо со целото негово искутство и ќе видиме дека и тие се мачеа исто како и ние во Белгија. Имавме сличен ритам на квалификации, исто и на трка.

Тоа е само еден пример, ништо не коментирам и не посочувам затоа што не сум во позиција да го правам тоа – смета Ленс.

Младиот канаѓанец го заврши Италијанското Гранд При во Монца на 9то место, смета дека напредувал сезонава, иако го нема искусниот Фелипе Маса како репер крај себе.

Сеуште анализирам некои мои податоци од лани и знам коко го возам болидот лани и оваа година, знам како ги менаџирам гумите и друг работи и смета дека сум поцелосен возач годинава. Повеќе го контролирам и разбирам болидот и знам како да извадам максимум од него на квалификаии и трка.

Како и со секој тимски колега, секогаш се обидувам да работиме заедно, да излвечеме максимум заедно, да се притискаме еден со друг, за тоа се тимските колеги. Тоа е концептот и годиава – смета Строл.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.