Строл смета дека Безбедносното возило го чинело поени

101
   

Ленс Строл смета дека тајмингот на Безбедносното возило бил сосема погрешен за него и го чинело поени, затоа што доколку променел гуми круг подоцна, немало да загуби време.

Канаѓанецот промени гуми во 31от круг, точно еден круг пред Маркус Ериксон за излета во оградата на Аби и да предизвика излегување на Безбедносното возило на патеката. Доколку се одлучел да промени круг подоцна, менувањето гуми ќе било “бесплатно“ односно Ленс ќе загубел далеку помалку време.

На крајот тој финишираше на 13то место со 4 секунди зад Пјер Гасли кој освои поен за своето 10то место.

На стартот јас и Сергеј бевме многу блиску затоа што почнавме од боксот, а тоа е поинакво искуство. Немавме среќа и можеш да имаме подобра трка затоа што влегов по нови гуми во 31от круг, само круг пред да излезе Безбедносното возило.

Имав добра прва серија на медиум компонентата и штета што не извозев уште еден круг затоа што ќе добиев неколку позиции доколку променев за време не Безбедносното возило и можеби ќе дојдев до поени.

Како и да е, тоа е среќа и се работи за подогок или промашување. Останатиот дел од траката беше во ред и се следевме како во воз. На крајот видов дека има болиди кои не беа далеку од мене и тоа е добро – анализира Строл.


Строл смета дека Безбедносното возило го чинело поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>