Ленс смета сезонава за Вилијамс било само “колку да се учествува“ откако третиот најтрофеен тим во Формула 1 заврши на последно место кај конструкторите.

Канаѓанецот освои 40 поени и стигна до подиум во својата прва сезона за тимот во 2017 година, но овогодишниот ФВ41 се покажа лош и неконкурентен. Но, сезонава успеа да стигне само до 7 поени од кои 6 беа поради 8то место во Азербајџан и 9то во Италија. Следната година тој ќе мине во тимот на татко му, Рејсинг Поинт.

беше фрустрирачки за сите. сите сме во формула 1 за да се натпреваруваме и тркаме, но годинава бевме далеку од конкурентни туку едноставно, само учествувавме.

имавме и ситни солидни резултати, и верувајте дека е многу тешко да се борите за места послаби од 12то секој тркачки викенд. но, имаше и периоди како италија и азербејџан кога стигнувавме до фини поени, имавме к2 времиња и тогаш бевме горди на себе – објасни строл.

Младиот канаѓанец смета дека и покрај очајната сезона успеал да се развие и да се подобри како возач.

главно е собирање искуство, научив многу со оваа сезона зад мене, работата со инженерите, знаењето за гумите, тркањето, квалификациите, секое седнување во болидот учам. далеку од тоа дека е се догово, самошто наполнив 20 години и многу сум далеку од потенцијалот кој сметам дека го имам.

секоја година ќе се обидм да се надоградувам во текот на зимата и ќе работам на слабите страни, во исто време подобрувајќи ги силните.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.