Строл размислува за Форс Индија или Мекларен

143
   

Ленс Строл и татко му Лоренс, ги разгледуваат идните Формула 1 можности за следната година, тврди германската новинска агенција Motorsport-Total. Погледите на Стролови се насочени кон Мекларен и Форс Индија.

Вилијамс имаат страшен пад во перформансите годинава, така што славниот британски тим повеќе не е дел од средината на гридот, туку е без конкуренција најбавен од сите.

Поради тоа, милионерот Лоренс е подготвен да најде друг тим за да го вдоми својот син доколку Вилијамс многу скоро не покажат знаци на напредок, а Мекларен и Форс Индија се тимовите кои би го земале возачот, но и милионите на Лоренс.

Не е ни случајно зошто германците пишуваат дека наш овие две екипи “ќе го приберат“ младиот возач. Имено, Вокинг и Силверстон се во финансиска криза, а Строл постариот е познат по својата дарежливост.


Строл размислува за Форс Индија или Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>