Возачот на Вилијамс, Ленс Строл ќе ја почне трката за Големата награда на Унгарија од боксот  откако екипата беше приморана да го промени носот и предниот дел од болидот. Тој мина во К2 на квалификациите, но се изврте во пресрет на 9та кривина проади влажната патека, по што допре во заштитната ограда и го оштети носот, заврѓувајќи ги квалификациите на 15то место.

Тимот неодамна донесе ново предно крило, така што сударот на Ленс значи дека ќе добие друга спецификација предно крило на својот ФВ41 болид, а не најновата. Поради тоа тимот промени и некои сетирања во суспензијата во предниот дел од болидот.

Ова ќе биде втор пат на последните три трки Ленс да почне трка од бокс откако беше приморан заедно со колегата Сироткин да тргнат од таму по извртувањата на квалификациите во Британија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.