Фрустриран од перформансите на Вилијамс сезонава, Ленс Строл е многу веројатно да заврши во Силверстон кај Форс Индија следната година. ФВ41 болидот се покажа со многу аеродинамички проблеми, сезоната за тимот е лоша и константно се последнопласирани. Ленс ги има освоено единствените поени за екипата годинава со своето 8мо место во Баку, но се надева дека сезоната за тимот ќе се промени, иако не негира дека ги разгледува опциите за 2019 година.

Сакам да се подобриме и да дојдеме онаму каде што ни беше целта како екипа. Исто така сакам најдобро за себе како возач, така што во одредено време ќе донесеме соодветни заклучоци во најдобар интерес за мојата иднина. Не знам што ми носи иднината, во моментов сум фокусиран на Вилијамс, а за понатаму ќе видиме – појасни Строл.

Неговата кариера финансиски е поддржана од татко му, милијардерот Лоренс Строл, така што премин во Форс Индија во многу што ќе ја подобри финансиската ситуација на екипата од Силверстон. Се шпекулира дека тој би го превземал местото на Серхио Перез за кого се зборува дека има понуда од Хаас како замена за индиспонираниот Роман Гросжан.

Нема да коментирам никакви детали за такви работи, фокусиран сум на секој тркачки викенд каде што се тркаме така што тоа е тоа. Во моментов размислувам само за она што ме чека во Формула 1, имам искуство и добри трки, но се наоѓаме во тежок период. Сите сме изненадени од тоа што ни се случува сезонава со оглед на перформансите на пакетот со кој располагаме така што мислам дека кога – тогаш оваа криза ќе заврши – појасни Ленс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.