Возачот на Вилијамс, Ленс Строл, помина без казна откако небезбедно се врати на патеката на квалификациите во Мексико, а ова е втор ваков инцидент за него во истиот свиок овој тркачки викенд. Чарли Вајтинг ги опомена возачите кои излетуваат во свиокот број 8 да внимаваат во нивното враќање на патеката и тоа да го направат кај жолтиот тротоар. Строл не го почитуваше тоа на тренингот.

Тој беше повикан кај стујардите, но не беше казнет. Тогаш беше ослободен поради тоа што имал погрешни гуми на болидот и немало болиди во близина. На квалификациите тој повторно ја направи истата грешка и кај стујардите се правдал дека било невозможно да стигне до местото за безбедно враќање на патеката.

Стујардите повторно не го казнија за прекршокот. Овој пат оправдување е бидејќи возачот изгубил контрола во претходниот свиок, а исцртаниот дел за враќање бил полн со вода и Стол немал брзина за да се врати преку жолтиот тротоар.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.