Тешката година за Ленс која заврши во Абу Даби било сезона во која младиот канаѓанец не уживал, но се пак му помогнала да го изгради својот карактер.

Се очекува да биде официјализирана соработката на Ленс со Форс Индија, а во меѓувреме тој одработува тест за тимот во Абу Даби, возејќи гуми на Пирели за следната година.

Најдобриот пласман во сезоната за Ленс беше 8то место во Азербејџан, но поени освои само уште во Монца во Септември.

не може да кажам дека уживав во моето време во сезонава како што тоа беше случај лани. се надевам дека ќе уживам во престојната пауза и ќе се вратам на вообичаената работа. имавме далеку најслаб болид оваа сезона и не може да биде полошо – објанси строл.

Ленс сепак има некои позитивни работи кои ги научил во Гроув сезонава, а таква е градењето на неговиот карактер.

дефинитивно пораснав и созреав како возач, но годината беше голем предизвик. Освоив 6 поени, не е идеално, но дадов се од себе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.