Строл негира дека понудил да го финансира партнерството со Мерцедес

85

Таткото на Ленс Строл, Лоренс Строл, демантира дека понудил да ја финансира широката техничка соработка помеѓу Вилијамс и Мерцедес, но сепак би ги советувал во Гров да ја одберат таа насока.

Медиумите пренесуваат дека Лоренс сака поширока соработка со Мерцедес од строго набавување мотори, во налик на она што го имаат Хаас и Ферари. Американците ги земаат сите делови од дозволената листа од Маранело, а добиват и останати информации и инженерска помош/

Секако дека резултатите и особено перформансите на Хаас сезонава многу говорат околу успехот на таа техничка соработка.

Се обидуво да ги убедам челниците на тимот да го одберат тој пат, но јас лично немам намера да купувам нешто од Тото – кусо исјави Лоренс.

Клер Вилијамс побрза да ги демантира шпекулациите велејќи дека никогаш нема да станат втора екипа на Мерцедес. Со оглед на желбата на Мерцедес да земат некој муштерија под свое, веројатно дека од Бракли ќе се свртат накај Силверстон и Форс Индија.


Строл негира дека понудил да го финансира партнерството со Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>