Ленс Строл не ја воздржи својата возбуда откако се пласираше во поени на Италијанското Гранд При. Канаѓанецот возеше фокусирана трка и изненади многумина со освоениот поен за Вилијамс, кој се мачат цела сезона.

Доброто чувство е мал збор. Се надевав дека ќе освоиме поени, но не го очекував тоа. Не очекувавме дека ќе имаме форма, но имавме. Го следевме Саинз цела трка и го пристигнавме кон крајот, но среќен сум со работата која ја завршивме овој викенд.

Навистина завршивме добра работа во квалификациите, во трката и со стратегијата. Беше еден од оние викенди кога се функционира. Клучно беше да работиме добро цел викенд и сите имаа улога.

Мислам дека патеката ни одговараше, но сеуште ќе бидам позитивен и во Сингапур. Минатата година имавме добра трка таму. Се квалификувавме на 18 место, но завршивме на 9то. Секогаш постојат можности – изјави Строл.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.