Строл казнет за непочитување на сино знаме

91
   

Ленс Строл доби казна од 10 секунди по крајот на Австриското Гранд При за непочитување на синото знаме. Канаѓанецот го држеше зад себе Серхио Перез речиси цел круг за време на трката на која заврши на несреќното 13то место. Во спорниот момент тој беше на свежи гуми и се обидуваше да го намали заостатокот, за што настрада Чеко, а како резултат на казната финишот на Ленс е официјално на 14то место.

Возачот на болидот со бој 18 призна дека ги видел сините знамиња и светлечки панели крај патеката како и на својот управувач. Иато така призна и дека екипата му кажала да проба да влезе во исти круг со оние пред него, но не го советувале да не го пропушти болидот со број 11 кој беше зад него речиси цел круг под сини знамиња.

Причината поради која возачот доби три казнени поени е фактот што прашањето за сините знамиња особено беше потенцирано во Петок на состанокот на возачите со акцент на пуштањето на болидите да претекнат на првата можност за тоа.

Во овој случај, возачот одлучи да даде приоритет на тимските инструкции, а не на правилата потенцирани од директорот на трка и инструкциите во врска со синото знаме – гласи официјалното соопштение од ФИА.

Казната од 10 секунди е дополнета со три казнени поени.


Строл казнет за непочитување на сино знаме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>