Ленс Строл откри дека точно знае какви предизвици носи трката во Сингапур откако лани учествуваше на настанот на Марина Беј. Канаѓанецот минатогодишната трка ја заврши на 10то место и имаше три места подобар пласман од неговио тогашен колега, Фелипе Маса.

Јасно е дека годинава знам точно што да очекувам од патеката Марина Беј. Тесно е и полно со кривини, ментално и физички многу тешко поради топлото и влажно време.

Имам одлични спомени од трката лани, почнав од 18то место, 2 завршив во поени, беше луда трка со дожд пред стартот, а само во првиот круг напредуав 5 позиции. Патеката подоцна се исуши и со одлична стратегија стигнавме до добар резултат.

Доаѓаме во Сингапур по тежок викенд на кој сепак освоивме поени што е одлично затоа што очекувавме проблематична Монца – најави Строл.

Вилијамс заврши со двојни поени на Монца, но сеуште се 12 поени од Заубер. Сепак, утеха за Ленс може да биде тоа што се изедначи по бројот на освоени поени со Маркус Ериксон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.