Ленс Строл открива дека Вилијамс воопшто не го развиле и подобриле својот ФВ41 болид оваа сезона.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимот од Гроув се мачи сезонава и покрај тоа што го има моќниот агрегат на Мерцедес, но аеродинамиката е целосно “утната“. Поради тоа, Вилијамс има освоено поени само во три наврати сезонава, два пати топ 10 пласман имаше Строл и еднаш Сироткин.

Најдобриот резултат на Ленс беше 8то место во Азербејџан, трка на која една година претходно заврши како 3ти. Тимот е на последно место кај конструкторите со 26 поени зад најблискиот ривал.

сезоната е голем предизвик, болидот едноставно е бавен и преживуваме секој викенд, наместо да се тркаме. многу често отпаѓаме во к1 на квалификациите, а на трките и покрај добрите стартови, перформансите не носат надвор од поени. цела година изгледаме неподготвено и неконкурентно, болидот не е развиен од австралија и воопшто не е подобрен.

тешко е да се гледаат некои конкуренти како заубер кои беа многу блиску до нас на почетокот, но напредуваат и сега се недостижни. преживуваме цела година, тоа е се што можам да кажам – објасни ленс.

И покрај тоа што е свесен за перформансите на екипата, Строл верува дека тој е многу подобрен како возач сезонава.

се подобрувам и созревам. ова е моја втора година во формула 1, возам и стекнувам искуство. апсорбирам многу информации и покрај тоа што сезонава е поголем предизвик од минатата. таква е природата на спортот, како возач мора да пифатите дека некои години се потешки од други – заврши ленс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.