Строл: Болидот “пукна“ многу агресивно

111
   

Ленс Строл открива дека не направил ништо погрешно и поинаку во првиот круг кога неговиот болид “букна“ за време на квалификациите, а тој ја заврши сесијата заглавен во песокот без поставено време. Канаѓанецот предизвика црвено знаме на К1 по извртувањето на крајот на Велингтон правецот.

Ја направив истата работа што ја правам цел викенд на кривината број 6, а болидот едноставно “пукна“ и тоа многу агресивно. Се мачиме со стабилноста цела сезона затоа што болидот е многу непредвидлив, но ова мораме многу подетално да го анализираме. Беше многу чудно, беше премногу агресивно и бев шокиран затоа што се случи наеднаш. Бев закопан во песокот и ништо не можев да направам – појасни Ленс.

Неколку минути подоцна на Стоуцв се изврте и во песокот заврши и Сергеј Сироткин, но тој успеа да дојде до асфалт и да довози до боксот.


Строл: Болидот “пукна“ многу агресивно

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>