Голема е веројатноста Алесандер Албон да не заврши во Торо Росо следната година откако Нисан е.Дамс тимот го потврди како свој Формула Е возач за 2018-19 година.

Долго време медиумите шпекулираат дека во Фаенца не се задоволни од она што го добиваат од Брендон Хартли и сакаат да го заменат, откако открија дека го враќаат Даниил Кват во тимот. Новозеланѓанецот Хартли освои поени во Азербејџан, Германија и Америка сеознава, но Сергеј Сироткин е единствен со помалку поени од него.

Пјер Гасли заминува во сениорската екипа догодина, а за второто место во комбинација беа и Паскал Верлејн кој исто така се обвза на Формула Е, Естебан Окон кој нема да биде дел од тимот поради конекциите со Мерцедес и Мик Шумахер кој следната година ќе вози во Формула 2.

Британецот до тајландско потекло, Александер Албон, потпиша за Нисан во Формула Е серијата откако сезонава ја мина во Формула 2. Но, кога се појави интересот од Торо Росо почнаа и преговорите помеѓу двете екипи, а медиумите шпекулираат дека јапонците од Нисан барале големо обесштетување од Ред Бул, кое тие не сакале да го платат.

На една трка пред крајот на сезоната, 22-годишникот е на второ место во Формула 2, помеѓу Ландо Норис и Џорџ Расел кој за следната година веќе си обезбедија Формула 1 кокпит.

Албон претходно беше дел од Академијата на Ред Бул, од која беше отпуштен по само една година по очајна сезона во Формула Рено.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.