Стаинер: Ферари не ни наметнува возачи

101

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, потенцираше дека нивниот партнер Ферари не им наметнува возачи за следната година. Тој појасни дека може да го земат дури и Естебан Окон, кој е подджан од Мерцедес и во Маранело нема да имаат ништо против тоа.

Можеме да се одлучиме да го змеме кај нас, може и да не го земем, но тоа е строго наша одлука и никој не ни се меша во истата. Се работи за наш интерес, а одличното партнерство со Ферари е друга работа. Го почитувам Окон, тој е фантастичен возач, но зошто би влегувале во некакви контроверзии поради него – запраша италијанецот.

Освен сегашните возачи Кевин Магнусен и Роман Гросжан, и младиот пилот на Заубер Шарл Леклер е јасен кандидат за следната година. Тој беше нивни тест возач лани, се појави на четири петочни тренинг сесии, но не сметаа дека им доволно искуство да се трка за нив.

Има некоклу сериозни кандидати кои сеуште немаат место, но некои се под договор, така што немаме јасен план што ќе правиме.

Не знам што планира Леклер, ако остане во Заубер тогаш значи дека има договор со нив, или со Ферари.

Тој врши одлична работа, влезе во Формула 1 годинава, а лани ние по малку бевме исплашени поради неговиот дебитантски статус, но го помина тоа и многу го почитувам тоа момче.

Стаинер откри дека не бил на ниеден начин директно вклучен во лудиот пазар на возачите кој трае цел месец.

Поради тоа реков дека сме во удобна позиција. Тешко е да се објасни како се чувствуваме, но добро ни е. Не сме дел од тоа лудило и убаво е уште сега да можевме да објавиме кој ќе вози за нас, но треба да средиме уште некои работи.

Размислуваме и не сме гладни и не сме под притисок. Гледаме како се развива пазарот и веруваме дека се наоѓаме во добра позиција со нашите возачи. Немаме за што да брзаме.

Гунтер откри дека нема кусок на возачи и дека се поголем број пилоти сакаат да возат за нив, што е различно од пред три години кога почнуваа во тркачката серија.

Многумина се интересираа за нашето место и јас ги почитувам сите. Но ионака возачкиот пазар сам се скоцкува. Знаете точно за што зборувам, знаете со кој сме разговарале, но ништо не сме решиле.

На почетокот беше тешко да се најде некој кој ќе вози за нас затоа што јасно е од кои причини не бевме интересни, но тоа се промени.


Booking.com

Стаинер: Ферари не ни наметнува возачи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>