Стаинер: Требаше да бидеме попаметни на почетокот

28

Гунтер Стаинер вели дека тимот на Хаас не бил доволно “паметен“ во почетокот на 2018 година кога изгубија премногу поени поради оперативни проблеми и судари, но убеден е дека екипата сеуште може да се бори за 4то место во генералниот пласман.

Хаас моментално се на 5та позиција, откако пред летната пауза има двоен финиш во поени во Унгарија, намалувајќи ја разликата со Рено на само 16 поени.

Американците беа екипата со најмногу освоени поени во летниот дел од европските трки, исклучок е водечката тројка, но Стаинер смета дека тоа требало да биде случај уште од почетокот на сезоната до сега, но грешки го чинеа тимот значителни поени.

Би рекол, тоа требаше да го направиме од почетокот. Знаеме каде изгубивме поени, тоа е прилично очигледно. Не бевме многу паметни околу тоа. Само се надевам дека ќе продолжиме во втората половина. Се надевам ќе продолживме од таму каде што застанавме пред летната пауза.

Убаво е чувството да завршуваме вака. Може да се опуштиме за момент. Мислам дека во Спа и Монца би требало да сме ОК. Се надевам ќе продолжиме кон четвртто место – вели Стаинер.

Хаас имаа можност за силен двоен финиш во Австралија, но двата болида се откажаа поради грешка при менување на пневматиците. Гросжан исто така беше вмешан во неколку инциденти годинава, ги освои своите први поени дури во Австрија, по големи судари во Азербејџан и Шпанија. Стаинер вели дека двојниот финиш во поени за Хаас во Унгарија им дал доволно самодоверба пред летната пауза.

Тоа е многу важно бидејќи само еднаш претходно успеавме. Сега по втор пат. Тоа е добра самодоверба за тимот. Момците добиваат бонус доколку двата болида завршат во поени, така што тоа е исто добро. Го заслужуваат тоа – додаде Стаинер.


Стаинер: Требаше да бидеме попаметни на почетокот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>