Стаинер смета дека затворањето на фабриките е одлично

183

Гунтер Стаинер смета дека една од најдобрите работи во Формула 1 е летното затворање на фабриките по што мехаичарите мора да одморат и да го наполнат батериите. Годинава паузата ќе следи по дводневниот тест кој е на програмата по крајот на Големата награда на Унгарија. Сепак, американците од Хаас открија дека нема да ги искористат двата довзолени денови за тест.

Годинава, повеќе од било кога, паузата е многу важна. Тогаш не смеете да работите, така што мора да правите нешто друго. Задолжителното затворање на фабриките е една од најдобрите работи во Формула 1 затоа што луѓето имаат за што ја чекаат средината од првенството. Во спротивно, тркачката серија би била бесконечна приказна

Сите даваат се од себе во пресрет на летната пауза, вообичаено се одмора две недели, а потоа сите се враќаат освежени и со голем елан за работа. Тоа е важно и ја сум нептрелив за одморот.

Ние се наоѓаме во нашата трета година од постоењето, подготвени сме и одлично организирани. Момците ќе расклопат се, се ќе биде подготвени и кога ќе се вратиме по паузата, само ќе склопиме се што ни треба.

Инженерите ќе мора да поработат по трката пред дда одат на пзуа, а потоа почнуваат со подготовките за Спа – појасни Стаинер.


Стаинер смета дека затворањето на фабриките е одлично

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>