Од тимот заклучиле дека борбата за 4то место е завршена и 5та позиција на која се наоѓаа тимот во моментов е добра за нив, како Формула 1 екипа во својата трета година.

Иако се сметаше дека Хаас ќе ги стигне Рено во втората половина на сезоната, французите имаа одлични трки во Америка и Мексико по што ја зголемија предноста во поредокот на 30 поени.

Хаас се обиде да се поврати во Бразил со двата болида во топ 10, но тоа им донесе само 6 поени и во моментов заостануваат 24 поени зад француската фабричка екипа.

Сега е доцна, Ова е помалку фрустрирачки. Од една страна да не заборавиме дека ова ни е трета година и сепак е голем напредок за така млад тим.

Теоретски требаше да ги победиме Рено без некои грешки, Но понекогаш победувате понекогаш не. На крајот ова е одличен резултат за тимот освен ако нешто магично не се случи во Абу Даби.

Јас сум среќен со ова, Фрустрирачки е што мислете дека сте подобри но ова е трка. Секогаш сакате да сте подобри – појасни гунтер , шефот на хаас.

Хаас изгуби поени во првата трка оваа сезона откако двата болида не ја завршија трката додека беа на средина од топ 10. Подоцна, во Италија, тие беа дисквалификувани и изгубија 8 поени со 6то место на Роман Гросжан, освоено со нелегален под на болидот.

Мислам дека бевме добри до летната пауза, Потоа немавме добри трки, па ја имавме жалбата.

Мексико беше лоша трка, Но не беше тоа поради што изгубивме. Четврто место беше изгубено во Австралија и тоа не чинеше најмногу плус поените од Рено и ќе бевме четврти. Но тоа веќе не се гледа. Возрасни сме и горди сме на резултатот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.