Гунтер Стаинер, првиот човек на Хаас, смета дека екипата може да ја комплетира сезоната без дополнителни мотори и казни на гридот во пресрет на стартот на трките, нешто за што се заслужни Фирари. Италијанецот ја пофали Скудерија за напредокот кој го направиле сезонава не само со издржливоста туку и со конкурентноста што значи дека сеуште се во состојба да се борат за да бидат најдобри од останатите.

Во моментов американците се на 5то место кај конструкторите на три трки пред крајот на сезоната.

Мислам дека можеме до 4то место, сеуште има трки до крајот и мораме да останеме оптимисти. Нашиот план е да издржиме со алокацијата на мотори кој ја имаме и без казни да ја компетираме сезоната, тоа е план и цел.

Сеуште има три трки до крајот, но се надеваме дека можеме да го постигнеме тоа затоа што Ферари прави фантастична работа, сите екипи кои ги користат нивните мотори се согласно поставените цели.

Резултатите кои ги постигнуваме се видливи, се бориме за 4то место во поредокот кај конструкторите, тоа е во голема мера поради Ферари и работата која тие ја работат – смета Стаинер.

Во пресрет на трката во Мексико, Гунтер се надева дека екипата научила од претходните посети на Ерманос Родригез, така што Кевин Магнусен и Роман Гросжан ќе имаат силен викенд за да го минат Рено во поредокот.

Имаме повеќе потисна сила оваа година, повеќе од минатите сезони и нашиот план е да го искористиме тоа. Со потисната сила правите грип, а цел е д имаме добар болид како и на сите трки сезонава.

Најголем ефент е губење на аеродинамички перформанси со потенкиот воздух поради надморската височина. Тубо моторот не гуми толку многу колку атмосферскиот, но проблем е и ладењето поради висината. Мислам дека минатите две години многу научивме и веруам дека годинава и гумите подобор ќе се адаптираат – се надева Станер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.