Гунтер Стаинер, првиот човек на Хаас, поддржува воведување на покуси тркачки викенди, наместо на помалку трки во текот на годината.

Сезонскиов календар повторно има 21 трка како и ланскиот, Виетнам доаѓа во Формула 1 следната година, а можно е да се приклучи и Мајами. Најголем дел од инволвираните во спортот не сакаат толку голем календар, а Луис Хамилтон лани најави дека ако треба да вози 25 трки годишно, ќе замине од Формула 1.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Стаинер има решение, тој смета дека тркачките викенди треба да се покуси, Четврток да биде исклучен од програмата и да има само еден тренинг во Петок попладне.

повеќе од 23 трки се тешки за одработување, но би размислил за скратување на викендот и наместо да доаѓаме во Четврток, да почнуваме во Петок. добро би било според мене да имаме само една сесија во петок попладне, повеќе би сакал вакво сценарио одошто намалување на бројот на трки – објасни гунтер.

Либерти размислуваат на се за од 2020 година, на маса се и покуси викенди и покуси сесии за да се дојде до неизвесност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.