Стаинер: Рено бараа вина каде што ја нема

74
   

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер верува дека Рено ќе се фокусираат само на тоа да се подобрат себеси во еконт на борбата за четврто место во конструкторскиот поредок. Француската фабричка екипа беше најдобра од останатите во првиот дел од сезоната, но во последно време нивните перформанси опаднаа.

Американците од Хаас ги претекнаа Рено пред Италијанското Гранд При, се додека Гросжан не беше дисквалификуван од трката во Монца, поради нелегален под за што веќе има жалба и се очекува одлука по истата. Дали Хаас мириса крв од Рено, Стаинер изјави:

Нивните перформанси исчезнаа. Не знам што се случува со нив. Секако ги снема нивните перформанси, а за нивниот мотор самите се криви. За што и да се лсучи самите се криви.  Можеби се малку очајни и затоа се жалеа поради нашиот под во Монца. Ќе направат се наместо да се фокусираат на тоа да бидат подобри – појасни италијанецот Стаинер.

Има уште четири трки до крајот на сезоната, а Гунтер не брза за неговиот тим да ја заврши работата.

Сеуште е тешко. Има уште четири трки. Тие не беа силни последниот тркачки викенд, но ние бевме среќни што освоивме поени, а нивните перформанси и темпо не беа добри.

Но тоа не значи ништо за Остин и Мексико. Треба да се чуваме и да работиме добро. Сеуште не сме готови. Имаме борба пред нас, уште 20 % од шампионатот.


Стаинер: Рено бараа вина каде што ја нема

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>