Гунтер Стаинер од Хаас смета дека Формула 1 не треба да дозволува на нови екипи да влегуваат во спортот се додека сите екипи на гридот не се доволно финансиски стабилни за да избегнат проблеми како оние кои во моментов им се слчуваат на Форс Индија. Екипата од Силверстон последнтие две години завршува на 4то место во поредокот, но во Петок пред Унгарското Гранд При, на пријава на Серхио Перез подржана од Мерцедес и БВТ, влезе во постапка на администрација.

Претседателот на ФИА Жан Тод, лани најави дека се отворени за нови екипи во спортот уште од 2019 година иако призна дека сериозно не им пристапил никој.

Како први, се надевам дека Форс Индија ќе биде превземена од вистинските луѓе, некој кој ќе купи за да остане во спортот и сите луѓе ќе ги задржат своите работни места за да тркачката серија продолжи со 10 тимови и во иднина.

Можеме да се тркаме и со 18 болиди, но мислам дека 10 екипи е најздрава бројка. Јас попрво би имал 20 силни болиди одошто повеќе неконкуренти. Мислам дека 10 екипи треба да е наша цел.

Сите велат дека треба да имаме 11 или 12 екипи, но ако имаме 10 екипи кои тешко преживуваат, зошто би носеле 11та? Треба да се грижиме да ги задржиме 10те тимови во моментов со добар бизнис модел – смета Стаинер.

Последен пат спортот во 2010 годима имаше наплив на нови екипи кога Лотус, ХРТ и Вирџин влегоа на гридот. Трите екипи влегоа во спортот откако им беше ветено дека ќе има ограничување на трошоците, нешто што и во моментов е план за 2021 година.

ХРТ влезе во 2012 година, додека Лотус по две сезони се преименува во Катерхам, екипа која во 2014 година пропадна. Вирџин стана Марусиа и беше единствена од трите екипи која успеа да дојде и до поен благодарение на трката на Жул Бјанки во Монакјо во 2014 годна, но следната влезе во постапка на администрација, се преименува во Манор и пропадна во 2016 година.

Не можам да гледам во иднината и не знам дали е добро време за влез во спортот, но прво треба да се загрижиме и да ја спасиме Форс Индија. Потоа, на крајот на 2020 година кога сите екипи се стабилни, треба да видиме што понатаму.

Има место за повеќе, јас не сум против тоа, но нема поента да имаме 11 тимови ако секогаш некоја пропаѓа – заклучи Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.