Стаинер: Протестираат затоа што не може да не победат

342

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека Формула 1 конкурентите протестирале до ФИА затоа што не можеле да ги победат на патеката. Рено по Италијанското Гранд При се жалеа на легалноста на подот на болидот на Роман Гросжан, французинот по крајот на трката беше дисквалификуван, а поените од земени. Но, американците поднесоа жалба на соодветниот суд затоа што сметаат дека ништо не погрешиле.

Со одземените поени, Хаас се врати на 5то место во поредокот зад Рено во конструкторскиот поредок.

Не го очекував тоа, но понекогаш луѓето реагираат на тој начин. Ако не може да не победат на патеката, се обидуваат да не победат на суд, тоа се случува во моментов. Мора напорно да работиме и да се бориме за уште повеќе – смета Гунтер Стаинер.

Италијанскиот тимски шеф е свесен дека и покрај жестоката битка на патеката помешу тимовите, неизбежно е понекогаш во игра да се вмеша и политиката.

Понекогаш мора да го направите тоа. Тоа е поинаков пристап во тркањето, иако не се согласувам дека тоа е вистинско тркање.

Работата е стигната до Судот за жалби во Париз каде предметот ќе се разгледува во периодот кој следи, но Гунтер е дециден дека тоа нема да ги одвлеже од тркањето и напорите да го престигнат Рено.

Тоа не го одлвекува моето внимание. Луѓето знаат што треба да прават, ние се тркаме и секогаш целиме на добри резултати.


Booking.com

Стаинер: Протестираат затоа што не може да не победат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>