Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека новата црно-златна шара на екипата е еволуција, а не копија од историската John Player Special шара на Лотус користена од 1970 до 1980 година.

Иако сличностите се големи, Стаинер сепак тврди дека не е целосна копија. Во последниот тренд на враќање на познати шари, следејќи по враќањето на Мекларен кон нивната папаја портокалова боја, Хаас прикажаа целосно нов изглед за 2019 година со нивниот нов главен спознор, Rich Energy.

Американската екипа стави крај на претходниот изглед со сива боја, за црно-златна шара која привлече многу внимание поради сличностите со шарата коистена од Лотус.

Ова беше нешто ново, но Џин е паметен човек. Болидот изгледа добро и него му се допаѓа. Кога станувате постар, паметите што ви се допаѓало како млад. Тоа беа старите добри денови во одличен период за Формула 1, кога беше црно и златна шара.

Сите се помалку сентиментални околу тоа. Шарата изгледа навистина добро.

Ја променивме малку со белата боја, бидејќи инаку ќе беше целосна копија на 80-тите години – изјави Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.