Стаинер не ги очекува проблемите од Монако во Унгарија

36

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, не очекува проблемите кои тимот ги искуси во Монако да се повторат во Унгарија и покрај сличните карактеристики на патеките. Тој смета дека подобрувањата на нивниот болид се доволни за да се отстранат потенцијалните предизвици.

VF-18 е драстично подобрен од трката во Монако и екипата сега го дели петтото место во генералниот пласман со Форс Индија, додека се подготвуваат да го нападнат Рено. Стаинер тврди дека тимот е подготвен за последниот тркачки викенд пред летната пауза.

Никогаш повторно нема да се појавиме поразени на трка.

Знаеме што се случи во Монте Карло. Ја анализиравме таа трка и знаеме каде завршивме. Ги знаеме причините и тоа нема да се случи во оваа трка. Можеби нема да бидеме добри како на брзите патеки, но не сметам дека ќе бидеме премногу лоши.

Нашиот болид и нашите возачи се доволно добри да постигнат солидни резултати на сите трки – изјави Стаинер.


Стаинер не ги очекува проблемите од Монако во Унгарија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>