Шефот на Хаас, Гунтер , изјави дека било клучно да се види вистинската страна на Формула 1 во докуменарната серија на Нетфликс, откако кажаното во неа стана многу интересно за фановите.

На многумина гледачи најинтересени им беа реакциите на Стаинер во текот на трките, неговите коментари преку тимското радио како и честите разговори со сопственикот на тимот, Џин Хаас.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Гунтер на шега изјави дека ја советувал ќерка си да не ја гледа серијата поради несоодветниот јазик, но смета дека за него би било погрешно доколку вештачки ја разводнува и разубавува целата работа.

јас немам проблем со ништо од прикажаното затоа што сметам дека ако сакаат да направат нешто, тоа мора да биде реално, во спротивно нема никаква смисла. луѓето кои ја направија серијата беа навистина одлични, веднаш се виде дека знаат што прават и знаат што сакаат. ја сакаа вистинската слика и беа многу мудри во начинот на кој ја снимаа реалноста.

на крајот на денот такви и требаше да бидат затоа што ако направеа лоша серија немаше да има поента гледањето на истата, а ние ќе загубевме фанови. јас се чувствувам како да сум помагал во целитот процес. ако луѓето ја гледаат серијата и добиеме повеќе фанови, тоа е токму тоа што го сакавме. да повторам, јас во серијата не бев ништо поразличен од реалноста – објасни стаинер.

Даниел кој за Нетфликс ги отвори вратите на својот дом во Перт и својот апратман во Монако, изјави дека продуцентите направиле одлична работа што ја пренеле вистинската Формула 1.

без разлика дали луѓето пренесуваа лични информации за мене, беа со мене во авион или дојдоа во мојата куќа во перт или апартман во монако и видоа се што има околу, јас сакав тие да се чувствуваат убаво. секогаш беа полни со почит и го почитуваа договореното така што беше важно да се соработува на вистински начин со нив.

би им препорачал на луѓето да не ја гледаат серијата на телефоните туку на телевизија затоа што мислам дека испадна одлично. чудно е да се видам себе си на камера, поприродно ми е да се гледам како возам, но ова беше многу различно.

генерално гледано мислам дека ќе биде кул не само за мене туку и за цела формула 1 да имаме поголемо присуство. така, некој во некое мало градче во америка или било каде на светот може да ја гледаат серијата и да разберат многу повеќе за спортот, тоа е одлично за формула 1 глобално – објасни рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.