Шефот на Хаас, Гунтер , смета дека нема причина да бидат исплашено по честите обвинувата дека ги копираат дизајните и решенијата на Ферари.

Американците беа под притисок во 2018 година откако ривалите, загрижени за нивната брзина, се погласно почнаа да се сомневаат дека Хаас има недозволена соработка со Маранело и ги крши правилата. Но, тие никогаш не биле загрижени околу обвинувањата за копирање на “црвените“, но Роман Гросжан беше дисквалификуван од Монца поради сосема друга причина, нелегален под на болидот за кој протест вложија нивните најголеми конкуренти од Рено.

докажавме дека не правиме ништо нелегално затоа што ги поканивме сите да проверат како работиме, фиа направи истрага и сеуште сме отворени доколку некој сака да направи ревизија на нашиот тим. никој тим не дојде да не провери, иако ги поканивме сите заинтерсирани, а тоа е поради тоа што се обидуваа само да не заплашат, но тоа не оди така. нема од што да се плашиме – појасни стаинер.

За претстојната тркачка сезона, Хаас си обезбедија главен спонзор во името на Рич Енерџи, британска комапнија за производство на енергетски пијалоци. Гунтер смета дека дополнителнит средства ќе им помогнат да бидат подобри, а во однос на Ферари ќе го задржат истото ниво на соработка.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.