Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на Хаас, потврди дека многу возачи се заинтересирани за возачко место во тимот за следната година. Американците се наоѓаат во својата трета Формула 1 сезона откако влегоа во спортот како нова екипа во 2016 година, а во моментов се наоѓаат во 5то место кај конструкторите на 9 трки пред крајот на сезоната со 16 поени негатива во однос на француски Рено.

Не би рекол дека разгледуваме опции за возачи, повеќе би рекол дека возачите не гледаат и барат место кај нас. Луѓе прашуваат и сакаат да се информираат за нашата екипа и сакаат да знаат шро работиме, но ако некој прашува не значи дека сака да дојде и по мене тие само се информираат.

По летната пауза ќе одлучиме што ќе правиме понатаму, во моментов не размислуваме околу тоа. Многу чуѓе се информираа, а дел од мојата работа е да знам што се случува на пазарот доколку нешто биде потребно – објасни Стаинер.

Кевин Магнусен е главен возач на тимот и сезоната освои повеќе од 2/3 од поените, додека Роман Гросжан заврши во поени само 3 пати, откако првите 8 трки ги заврши без пласман во топ 10. Американците имаат опција за Магнусен и за следната година која се очекува да ја искористат, но согласно постигнатите резултати и перформансите, местото на Гросжан виси, а како негова евентуална замена се споменува Серхио Перез.

Прво нешто што се одлучува е што ќе прави Ферари во иднина, што ќе прави Рено во иднина, а потоа сме ние помалите екипи кои треба да ги решиме нашите отворени прашања. Не би рекол дека треба да чекаме на нивната одлука, но таа може да го размрда целиот пазар, исто така не велам дека сакам да одлучам по нив затоа што можеби ние веќе сме одлучиле како понатаму.

Ако некој официјално објави нешто, тогаш ние имаме факти согласно кои би работеле. Во моментов се останува исто, никој не превзема ништо – објасни италијанскиот тимски шеф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.